Руни: Салах не треба да се доближи до „Енфилд Роуд“ после тоа што го објави!

Дерби

18/05/2026

14:06

179

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах во недела треба да се прости со навивачите на Ливерпул и да го одигра последниот натпревар во црвениот дрес против Брентфорд, но ако се прашува Вејн Руни, до такво нешто воопшто не треба да дојде.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед распали по себичниот Египќанец и сериозно го нападна после последната објава на социјалните мрежи, која јасно беше протолкувано како индиректна „отровна стрела“ кон Арне Слот.

По поразот на Ливерпул кај Астон Вила со резултат 4:2, Салах ја оцени сезоната како неприфатлива и посочи дека Ливерпул треба да се врати на патеките кога играше „хеви-метал“ фудбал, па бидејќи со оваа порака директно го омаловажи учинокот на Слот, Руни вели дека Мо заслужува да биде изоставен за неговиот последен меч на „Енфилд Роуд“.

– После се што направи за Ливерпул, сметам дека неговото однесување оваа сезона е тажно и разочарувачко. Не е негова работа да истапува против Слот во оваа фаза од сезоната. Веќе имаше едно несогласување во првиот дел од сезоната, а сега вели дека сака да се врати „хеви-метал“ фудбалот.

– Во основа вели дека треба да се врати некој како Јирген Клоп, но ако бидеме реални, тој веќе нема нозе за да игра таков вид на фудбал. Нозете веќе не го служат како порано и не може да одговори на тоа ниво и на тој интензитет.

– Ако бев на место на Арне Слот, немаше да му дозволам да се приближи до стадионот на крајот на викендот за неговиот последен меч. Јас имав караница со Сер Алекс Фергусон, имавме недоразбирање и поради тоа не ме повика на неговиот последен меч на „Олд Трафорд“. Ме изостави од тимот и такво нешто треба да направи и Слот. Не можеш еден тренер двапати да го оцрнуваш пред јавноста и да минеш неказнето. Ако бев на место на Слот, немаше да му дозволам да се приближи до стадионот. Се сомневам дека ќе го направи тоа, но Салах навистина го заслужи тоа, – вели Руни.