Едно од најмоќните растенија според фенг шуи, воедно и најценетото поради атрактивниот изглед и лековитите својства е алое верата.
Алое верата е едно од најпознатите растенија на светот и по лековитите својства и по своето симболично значење.
Потекнува од северна Африка каде со векови се сметало за „растение на бесмртноста“, а првите записи за него се наоѓаат уште во староегипетските текстови и цртежи.
Легендата вели дека Клеопатра во својата нега секојдневно користела сок од алое вера за да ја одржи младоликоста и убавината на кожата, додека египетските свештеници растението го саделе на влезовите од храмовите како симбол на чистотата и духовната заштита.
Иако не потекнува од Азија, алое верата има долга традиција и во фенг шуи.
Во оваа источна филозофија ова растение се смета за моќен заштитник. Неговите остри лисја делуваат како енергетски штит којшто ја одбива негативната енергија, зависта и лошата среќа.
Освен тоа, алое верата симболизира закрепнување, исцелување и раст, па се препорачува на сите оние кои сакаат во својот простор да внесат мир, здравје и внатрешна стабилност.
Особено се верува дека алое верата ја „впива“ негативната енергија од просторот и ја претвора во позитивна, чиста и смирувачка енергија.
Кога растението ќе почне да венее без причина, фенг шуи го толкува тоа како знак којшто „впива“ премногу негативност и го штити домот.
Освен што го чисти просторот енергетски, алое верата го чисти воздухот од токсини, па идеално е за во канцеларија и простории каде поминувате многу време.
Според фенг шуи, вистинското место за алое верата е од пресудно значење. Еве неколку препораки:
- Во близина на влезната врата, за да штити од негативна енергија и непожелни влијание.
- На јужниот или источниот прозорец поради тоа што добива доволно светлина, а истовремено носи виталност и напредок во домаќинството.
- Во дневната соба затоа што делува смирувачки и ја чисти енергијата на просторот.
Не се препорачува алое верата да се чува во спална соба затоа што неговата енергија може да биде премногу активна за мирен сон.
Доколку сакате да привлечете здравје и просперитет, фенг шуи мајсторите советуваат алое верата да се стави на источната страна од домот која симболизира нов почеток и виталност.
Алое вера е позната по тоа што не бара многу нега.
Светлина: Напредува добро на осветлено место, но не на директно сонце.
Полевање: Се препорачува алое верата да се полева правилно и редовно дури кога земјата целосно ќе се исуши. Премногу вода може да доведе до гниење на коренот.
Ѓубрење: Алое верата не бара многу хранливи материи, но повременото ѓубрење може да помогне да остане здраво и бујно.
Најдобро е да се прехранува еднаш месечно напролет и налето кога активно расте.
Температура: Алое верата сака топлина и не поднесува мраз. Во текот на зимата е задолжително да ја чувате во затворен простор.
Пресадување: Се советува алое верата да се пресадува еднаш во 2-3 години, да се премести во саксија со дренажа и песочен супстрат.