[ВИДЕО] Се омажи ќерката на легендарниот Антонио Бандерас: Љубов од детството која се претворила во бајковита и емотивна церемонија

Кармин

20/10/2025

15:00

491

Големина на фонт

а а а

Свадбата на Стела Бандерас билa семеен настан за паметење. Најблиските членови од семејството и пријателите се собрале за заедно да го прослават еден од најважните денови во животот на ќерката на славниот Антонио Бандерас и актерката Мелани Грифит.

Емоциите биле видливи на секој чекор – гордите родители не ги криеле солзите радосници додека ја придружувале својата ќерка до олтарот.

Во текот на церемонијата, Антонио Бандерас привлекол внимание кај гостите со емотивната здравица посветена на младенците.


Во елегантен црн смокинг, актерот зрачел со радост, додека пак Стела блескала во романтична венчаница од чипка со спуштени ракави.

Младоженецот Алекс Гружински исто така бил беспрекорно елегантен во црн смокинг, а неговиот складен изглед совршено го заокружил бајковитиот момент.

Нивната љубовна приказна има посебно значење – почнала уште од детството кога биле другари од градинка.

Во август 2024 година, Стела и Алекс ја објавиле нивната веридба на Инстаграм. Со фотографии од детството и моменти од запросувањето, Стела ја споделила среќата поради заедничката иднина со саканиот маж.

Алекс ја запросил на симболично место – во „Wagon Wheel School“ во Лос Анџелес каде првпат се запознале.

Мелани Грифит оваа вест со гордост ја споделила на својот профил, објавувајќи црно-бели фотографии од парот и истакнувајќи дека нивната љубов е искрена и длабока. Антонио Бандерас во разговор за магазинот „People“ минатата година изјавил дека Алекс го познава од детството и дека многу го цени нивниот однос.

„Среќен сум што ја гледам среќата на Стела и што знам дека е покрај некој којшто искрено го почитувам“, изјавил славниот актер.

Инаку, Алекс Гружински потекнува од уметничко семејство, неговиот татко е полски снимател којшто остварил забележлива кариера во САД, соработувајќи со најголемите имиња од филмската индустрија.

И самиот Алекс одредено време работел на филмските сетови, но подоцна одлучил да се посвети на поддршката на уметниците и креативците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk