„Јас сум биолошкиот татко на децата на Мајкл Џексон и ДНК тестот ќе го докаже тоа“, тврди познатиот актер: „Една година пред да му се роди првиот син тој ме замоли да донирам...“

Точка

21/10/2025

08:46

2.242

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите музичари на сите времиња уште за време на животот се соочувал со безброј обвинувања на своја сметка, а меѓу нив е и, би се рекло – вечното прашање: кој е биолошкиот татко на неговите деца?

Иако огнените поддржувачи на ненадминливиот крал на попот сè уште тврдат дека ваквите полемики се апсолутно непотребни, британскиот актер Марк Лестер, негов поранешен пријател и кум, со години го убедува светот дека децата на Мајкл Џексон всушност се – негови.

Дали Парис Џексон ви личи на овој човек? Или нејзините браќа Принц и Бланкет (Биги)? Немаат баш ништо заедничко, категорично тврдат фановите на починатиот крал на попот. Тие што на приказната гледаат од страна, пообјективно, велат дека децата на Мајкл Џексон немаат многу заеднички црти на лицето со славниот музичар – иако, последните години од животот, ниту тој самиот не личел на себе. Можеби ги наследиле цртите од нивните мајки: медицинската сестра Деби Роу, која ги родила Парис и Принц, и неидентификуваната жена која му го родила најмалиот син?

Меѓутоа, Марк Лестер (67), британски актер, верува дека сите тие, всушност, се негови деца. Со таа приказна излегол во јавноста во 2009 година, неколку месеци по смртта на Мајкл. Во минатото биле блиски пријатели, се дружеле три децении, па дури им бил и кум на сите тројца деца. Но, потоа, одеднаш, му било забрането да ги гледа.


Разочаран од ваквиот развој на ситуацијата, Лестер им раскажал на новинарите дека Мајкл, една година пред да се роди неговото прво дете, Принц Џексон, го замолил да донира сперма. Тоа, како што рекол, и го направил – во една клиника во Лондон. Но, семејството на покојниот музичар веднаш ангажирало правен тим, кој сè негирал со образложение дека „изјавите на Лестер се уште една недокажана и бесмислена тврдење без правна основа“.


Додека кралот на попот бил жив, актерот често престојувал на неговиот имот Недојдија. Ги носел и своите четири деца, кои се дружеле со децата на Џексон – заедно ги поминувале викендите и распустите. А потоа, сè престанало.

Марк Лестер, кој стекнал слава со улогата во детскиот мјузикл „Оливер“, а во осумдесеттите се повлекол од глумата и почнал да се занимава со акупунктура, истакнува дека додека Мајкл бил жив, воопшто не размислувал за донирањето. Потполно заборавил на тоа. Дури по смртта на пејачот, гледајќи како децата растат, почнал да забележува сличности меѓу нив:

„Ќерка ми Оливија личи на Парис, а Принц многу ме потсетува на мене во помладите денови – што ми го велат и други луѓе често,“ изјавил тој.


Изјавил и дека ќе направи ДНК-тест, но само ако тоа го поддржат децата на Мајкл Џексон.

„Не би направил ништо без нивна дозвола. Ако сакаат – нема проблем,“ рекол Лестер.

Дополнително, тој нагласил дека „нивниот татко бил прекрасен и грижлив човек, кој се грижел за нив и секогаш се трудел да ги заштити од сè“.

За време на мачниот процес што во 2005 година се водеше против поп-иконата поради наводно злоставување на малолетници, Лестер го бранел својот пријател и цврсто стоел на негова страна.

„Тие обвинувања се одвратни!“ – велел тој, убеден дека Џексон не е виновен за ништо.


Марк не е првата личност што тврди дека е татко на децата на ненадминливиот уметник. И Арнолд Клајн, личниот лекар на Мајкл Џексон, своевремено изјавил дека можеби е татко на Парис и Принц, бидејќи и тој донирал сперма за славниот пејач.

А него одамна го нема – за да каже било што во своја одбрана…



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk