[ФОТО] Сè послаба и послаба: Трансформација на пејачката одново изненадува

Кармин

21/10/2025

17:53

864

Големина на фонт

а а а

Пејачката Адел не сака да се експонира во јавност освен кога станува збор за нејзината работа.

Нејзините фотографии се вистинска реткост, но неодамна таа позирала со возачите на Формула 1, Џорџ Расел и Кими Антонели.

На фотографиите Адел уште еднаш ја покажа својата нова линија, со оглед на тоа што по свадбата на Селена Гомез, нејзиниот изглед беше една од главните теми.


Пејачката толку многу ослабела и ја трансформирала својата фигура што станала непрепознатлива, а некои од нејзините обожаватели сметаат дека претерала. Со оглед на тоа што позирала во црн комплет, нејзината слабост уште повеќе дошла до израз.

Во 2024 година, Адел го одржа својот последен концерт и објави дека одреден период се повлекува од јавност бидејќи очајно ѝ бил потребен одмор.


Оттогаш, таа ретко се појавувала во јавност и никогаш премногу не зборувала за својот приватен живот, па така останана воздржана дури и сега кога се работи за нејзиното слабеење.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk