[ФОТО] Латексот „пукал“ додека сите гледале во нејзиното деколте: Што се случило со бомбастичната русокоса?

Кармин

18/10/2025

20:27

1.799

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џесика Симпсон се појавила на премиерата на серијата „All’s Fair“ и со своето модно издание успеала да ги засени сите.

Не е тајна дека Џесика ужива во провокациите, а неодамна откри дека конечно е подготвена за нова врска. Сепак, сето тоа е помалку важно кога ќе го погледнете нејзиното најново модно издание.


Можеби побарала инспирација кај Ким Кардашијан, со оглед на тоа што таа исто така глуми во оваа серија, но како и да е, ова е една од нејзините најпровокативни модни комбинации.


Имено Џесика позирала пред насобраните фотографи во латекс фустан кој ја следи линијата на телото и има неверојатно длабоко деколте.



Бидејќи самиот фустан е вистински спектакл и не можете, а да не го забележите, пејачката не експериментирала премногу, па затоа изгледот го надополнила само со ефектни ѓердани и црни сандали со каиши, а како и обично ги игнорирала негативните коментари.


И на претходното појавување, темата беше нејзиното лице, па многумина коментираа дека веројатно сепак се подложила на естетски третман, но никогаш немаше официјална потврда за тоа. Познато е дека во минатото имала некои естетски корекции, но ослабела и 40 килограми, што придонело за целата трансформација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk