Сакате да јадете кекси за појадок? Ова е идеалниот рецепт, а можат да се понесат и на работа – практично и штедливо

Кармин

20/10/2025

16:52

130

Големина на фонт

а а а

„Breakfast cookies“, или кекси за појадок, се хранлив и практичен оброк кој можете да го понесете со себе на училиште, на факултет или на работа.

Наместо од рафиниран шеќер, брашно и путер, кои се присутни во традиционалните кекси, овие се подготвуваат од здрави и цели состојки, како што се овошје, ореви и семки.

Кексите направени од цели состојки го снабдуваат телото со протеини, прехрамбени влакна и други нутриенти, обезбедуваат долготрајна енергија, а сепак претставуваат слатка ужинка.


Денес ви носиме рецепт за кекси кои се подготвуваат од само четири состојки: пире од банана, мед, путер од кикирики и бадемово брашно. По желба, можете да ги збогатите со чоколадни капки и/или парчиња ореви.

Имајте предвид дека слаткоста на кексите ќе зависи претежно од вашите банани – за рецептот најдобро е да користите (пре)зрели плодови, кои се полни со природни шеќери.

Кекси за појадок – Состојки:

• 400 г бадемово брашно;

• 160 г измешани зрели банани;

• 160 г путер од кикирики;

• 30 мл мед;

• Чоколадни капки по желба;

• Парчиња ореви по желба.


Кекси за појадок – Подготовка:

1. Во голема чинија, со виљушка здробете ги зрелите банани во пире. Измешајте со природниот путер од кикирики и медот. Во смесата додајте бадемово брашно и мешајте додека состојките не се соединат. По желба, можете да додадете чоколадни капки и парчиња ореви.

2. Од подготвената смеса обликувајте топчиња со раце и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Со прсти или виљушка сплеснете ги кексите, односнонобликувајте по желба. Овие кекси ќе ја задржат формата и големината по печењето.

3. Печете ги кексите во претходно загреана рерна на 180°C околу 12 минути, или додека не се испечат целосно. Оладете ги пред сервирање.


Пријатен апетит!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk