[ФОТО/ВИДЕО] Се свртела и покажала буквално сè: Поради овој „Ангел на Викторијас Сикрет“ и најпровокативните голи фустани заминаа во историјата

Кармин

17/10/2025

20:50

939

Големина на фонт

а а а

Традиционалната годишна модна ревија на „Викторијас сикрет“ ги собра најубавите светски манекенки на едно место.

Меѓутоа еден „Ангел на Викторијас Сикрет“ привлече посебно внимание.

Имено младата манекенка Амелија Греј Хамлин се појавила на пистата во две изданија кои биле речиси подеднакво провокативни.



Убавата манекенка самоуверено се прошетала по пистата прво во црвен фустан, а потоа и во сребрено-црн комплет, и се виде дека дизајнерите вложиле многу труд во истиот. Сепак, црвеното издание го украде шоуто – не без причина.


Имено Амелија се појавила во светкав, проѕирен, црвен мини-фустан со долги ракави и сандали, а долгата црна коса ѝ била пуштена.


Додека чекорела по пистата како газела, сите се прашувале каква долна облека се крие под таква креација.


Меѓутоа кога Амелија кога се свртела, можеле да се забележат микроскопските танги кои едвај го покривале нејзиниот интимен предел.


Двете црвени линии целосно го откриле задникот на Хамлин. И додека некои го пофалија нејзиниот изглед и смелост, други коментираа дека организаторите требало да изберат манекенка со „пораскошен“ задник за овој вид долна облека.


Од друга страна честа да ја отвори ревијата на „Викторијас Сикрет“ ја доби Јасмин Тукс, првата бремена жена што се појави во спектакуларен костим во „nude“ нијанса, покриен со мрежа со светкави детали.


На пистата се менуваа познати и нови лица: Џиџи и Бела Хадид, плус-сајз манекенката Ешли Греам, Кендис Свонпул, Барбара Палвин, Алесандра Амбросио и дебитантката Емили Ратајковски, додека Енџел Рис, првата професионална спортистка што некогаш учествувала на модната ревија на Викторија Сикрет, привлече големо внимание.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk