Славните личности се како и сите други, само луѓе, а во овој случај, актерката Камерон Дијаз успеа да ги освои симпатиите дури и на оној дел од публиката што толку многу не ја сака.
Имено таа била фотографирана во друштво на нејзината ќерка додека шетала со неа. И додека девојчето го возело тротинетот, актерката пешачела. Сепак, тоа не е она што го привлече вниманието на јавноста.
Туку тоа беше нејзината модна комбинација, толку едноставна, а сепак толку модерна и моќна. Дијаз се решила за тексас јакна, која ја носела преку бела маица, заедно со фармерки и бели патики.
Едноставно, а совршено – вистински пример за „кежуал шик“ комбинација.
Сепак, нејзиното појавување во јавноста не беше само моден момент. Тоа беше и потсетник за тоа колку Камерон ужива во улогата на мајка, во период од нејзиниот живот кога многу нејзини врсници одамна поминале низ фазата на одгледување мали деца.
Во 2022 година, во отворен разговор со нејзината блиска пријателка Гвинет Палтроу во поткастот „GOOP“, Камерон отворено проговори за тоа како зачекорила во светот на мајчинството на возраст кога многу жени веќе се баби.
Таа и сопругот Бенџи Маден од бендот „Good Charlotte“ ја добија ќерката Радикс во 2019 година, а како што изјавија извори блиски до парот ја добиле со помош на сурогат мајка, додека во 2024 година го добија синот Кардинал.
„Самиот концепт на стареење целосно се промени во последните десет години. Сè се отвори. Возбудена сум затоа што имам уште 50 или 60 години пред мене, сакам да живеам до 110 години, затоа што имам мало дете“ рече Дијаз тогаш.
За неа, мајчинството во доцните четириесетти години не е пречка, туку мотив да го живее животот до максимум.