„Сакам да бидам стара“: Лекција на актерката Енди која треба да ја научи секоја жена во животот

Кармин

11/09/2025

14:00

305

Големина на фонт

а а а

Актерката Енди Мекдауел е една од славните ѕвезди кои го промовира природниот изглед и со самото тоа природното стареење, па уште еднаш им порачала на жените дека не треба да се срамат од своите години во време кога општеството ни наметнува дека треба да изгледаме помладо.

„Ќе изгледам онака како што треба да изгледам затоа што се сакам себеси“, јасно и гласно порачала актерката во емисија кај поранешната колешка Дру Баримор.

Енди Мекдауел е мајка на три деца и во емисијата открила дека никогаш не може да очекува нејзината баба, која толку ја почитувала, да подлегне на современите притисоци да изгледа младо.


„Тоа не беше концепт којшто постоеше и тој концепт нѐ понижи како што старееме. Сега нѐ натера да се чувствуваме засрамено“, рекла актерката, па додала: „Имам три мали внучиња и ќе им бидам баба и ќе изгледам онака како што треба да изгледам затоа што се сакам себеси и не морам да изгледам младо“, порачала актерката.

Своите ставови најдобро ги покажува со тоа што гордо ја носи својата седа коса која ѝ станала заштитен знак. Сепак, нема ништо против разубавувањето и „подмладувањето“ затоа што смета дека тоа е личен избор.


„Моите две сестри засекогаш ќе ја обојуваат косата. Мислам дека секој мора да го донесе својот избор кога станува збор за стареењето врз основа на тоа како се чувствува со тоа“, објаснила актерката.

Кога првпат во јавноста се појавила со седа коса многумина коментирале дека изгледа постаро, но коментарите на сметка на нејзиниот изглед како што вели, не ја интересираат.


„Знаете, полнам 65 години, што мислите, дали изгледам како да имам 75 само затоа што имам седа коса? Не ми е гајле, сакам да бидам стара. Уморна сум од обиди да бидам млада. Не сакам да бидам млада, бев... А да бидете стара личност која се обидува да се подмлади, каков напор е тоа...“, претходно изјавила Мекдауел.

Нејзиниот став го делат и Памела Андерсон, Хали Бери, Дру Баримор, Валери Бертинели и многу други славни дами кои велат „не“ за борбата против стареењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk