[ФОТО/ВИДЕО] Атрактивната Русинка во провокативно издание на Ју-Ес Опен предизвика лавина реакции: Претерала или сепак не?

Кармин

09/09/2025

17:56

1.381

Големина на фонт

а а а

Руската манекенка Ирина Шајк привлече големо внимание појавувајќи се на машкото финале на Ју-Ес Опен во Њујорк во тесен, проѕирен фустан што предизвика бројни реакции од јавноста.

Додека многу гости на Ју-Ес Опен се одлучија за лежерна елеганција, Ирина повторно покажа дека не се плаши да експериментира со модата. Манекенката се појави во тесен, проѕирен фустан од „Alaia“, кој имаше истакнат збрчкан детаљ по средината, дополнително нагласувајќи ја нејзината витка фигура.


Својот стајлинг го надополни со масивен сребрен ѓердан, и класични, кафеави мокасини без потпетици од брендот Миу Миу. Иако изгледот на манекенката беше гламурозен, чевлите внесоа малку неочекуван и контрастен тон во целата комбинација.


Реакциите на јавноста беа поделени. На социјалните мрежи, се множеа коментари како: „Што носи таа?“, „Дали е тоа соодветно за тениски меч?“, но и позитивни одговори: „Прекрасна“, „Прекрасна и единствена“, „Колку завидни луѓе!“.


Инаку, фустанот од колекцијата „Alaia“, кој го носела Шајк, се распродал за рекордно време, што зборува во прилог на фактот дека модниот избор на Русинката си ја пронашол својата публика.

Потсетуваме, таа и италијанскиот актер Микеле Мороне привлекоа внимание бакнувајќи се на улиците на Неапол за потребите на снимањето реклама за „Dolce & Gabbana“.

Многу корисници на социјалните мрежи сметаат дека двајцата би биле добар пар во реалниот живот, а Мороне има репутација на голем заводник.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk