Важно е да знаете како правилно да пиете кафе за да ги почувствувате сите негови предности.
Пиењето кафе е еден од омилените утрински ритуали. Многу од докторите го проучувале делувањето на кофеинот на телото, а нивните мислења се различни. Сепак, поголем дел од научниците се согласни во едно, а тоа е начинот на консумирање на овој омилен напиток.
Имено, се смета дека доколку кафето правилно се консумира, не може да биде штетно и обратно.
Гастроентерологот и нутриционист Нуриа Дианова, открила со кои намирници кафето никако не треба да го комбинирате.
„Најлошата комбинација е кафе со чоколадо или алкохол“, вели Нуриа.
Поради тоа што кафето со чоколадо, како и алкохол, помага во опуштање на долниот езофагеален сфинктер, резултатот е гастритис, пецкање и враќање на желудочниот сок во организмот.
Дури и доколку не чувствувате непријатност, со текот на времето можат да се појават знаци на воспаление на други делови во организмот, предупредува Дианова. Исто така, гастроентерологот не препорачува пиење кафе на празен желудник.
Одредено време по еспресото, Дианова препорачува секако да испиете чаша вода за да ја надоместите течноста во организмот затоа што кафето има диуретско делување.