Џесика Алба (44) и нејзиниот нов партнер, 12 години помладиот актер Дени Рамирез, поминале викенд во Њујорк, каде заедно го следеле финалето на машкиот УС Опен.
Парот, за чија врска се шпекулира од јули, јавно разменувал нежност на трибините додека го гледале Карлос Алкараз.
Фотографите забележале како се држеле за рака во текот на напнатиот натпревар во неделата во којшто Карлос Алкараз го совладал Јаник Синер.
Актерот, познат по улогата во филмот „Captain America: Brave New World“ во еден момент ја прегрнал насмеаната Алба додека седеле на своите места.
Извор близок до парот првпат за „People“ ја потврдил нивната врска во јули, пет месеци откако Алба поднесе барање за развод од сопругот Кеш Ворен со којшто има три деца. Актерката како датум за разделба го навела 27 декември 2024 година. Ворен исто така неодамна ја потврдил својата врска со 21 години помладата манекенка Хана Сан Доер.
Романсата на Алба и Рамирез започнала кога биле видени како заедно се качуваат во авион од Канкун за Лос Анџелес. Својата врска и јавно ја потврдиле кога на 25 јули биле снимени како се бакнуваат во Лос Анџелес.
„Се обидуваше тоа да го чува во тајност, но откако беше фотографирана како се враќа од Канкун, повеќе не чувствува потреба дека треба да го крие тоа“, изјавил изворот.
„Ужива во врската со него. Генерално е прилично бескомпромисна во врска со својот живот и сака да ужива колку што е можно повеќе“,
Изворот додал дека Алба „ја сака својата независност и нов живот“.
Освен машкото финале, Алба во саботата го следела и женското финале на УС Опен. На Инстаграм објавила фотографија со својот татко Марк, пишувајќи дека одењето на натпревар со него било „најдобрата рана прослава на роденденот“ за него.
И двајцата деловно се многу активни. Рамирез неодамна се појавил во филмот на „Marvel“ – „Captain America“, а исто така го гледавме и во втората сезона од серијата „The Last of Us“.
Од друга страна, Алба последен пат се појавила во филмот „Trigger Warning“ во 2024 година, а следниот проект е филмот „Maserati: The Brothers“.