[ВИДЕО] Јутјубер пробал чудна диета од 1865 година во која алкохолот бил неопходен дел и дошол до сосема неочекуван заклучок

Кармин

10/09/2025

19:21

802

Големина на фонт

а а а

Авторот на оваа диета тврдел дека со неа изгубил 24 кг, а стручњаците денес ја сметаат за претходник на популарната кето-диета. Сепак, тешко дека нутриционистите би ја препорачале комбинацијата со алкохол и шлаг.

Диетите со низок удел на јаглехидрати денес се многу популарни, но тие всушност не се новост. Нивните почетоци се враќаат во 19 век, а основач се смета лондонскиот погребник Вилијам Бантинг. Тој тврдел дека за една година изгубил речиси 24 килограми и повеќе од 33 сантиметри во половината, откако претходно со децении неуспешно се борел со вишокот килограми.


Иако станува збор за диета со малку јаглехидрати, планот на исхрана на Бантинг вклучувал и намирници кои денес не би ги поврзале со слабеење, како алкохол и шлаг, пишува „Daily Mail“.

Бантинг во 1862 година, кога имал 64 години, тежел 91 килограм при висина од 165 см. Индексот на телесна маса му изнесувал 33,6, со што се сместил во категоријата на гојазни лица. Одлучил од исхраната да ги исклучи лебот, путерот, млекото, шеќерот, пивото и компирот, а наместо тоа консумирал месо, овошје и зеленчук без скроб. Бил толку задоволен од резултатите што објавил книга под назив „Писмо за корпуленција, упатено на јавноста“, која денес се смета за прв печатен водич за слабеење.

Експеримент на јутјубер: Дали диетата на Бантинг може да функционира и денес?

За да испроба како би изгледала таква диета во 21 век, фитнес јутјуберот Вилијам Тенисон одлучил еден ден да го следи планот на Бантинг. Денот го започнал со пијалок кој Бантинг го нарекувал „корективен напиток за освежување“, а кој содржел сок од капина, шеќер, мускатен орев, цимет, каранфилче, бибер и ракија.

Тенисон го опишал напитокот како „вкус на Божиќ“.

„Во 19 век можевте секое утро да се разбудите и да умрете од 14 болести, па ви беше потребен силен имунитет. Овој пијалок сигурно не би го обезбедил тоа. Имам впечаток дека тоа било само изговор за внес на алкохол и шеќер веднаш наутро.“

Јагнешко за појадок и десерт со шлаг

За појадок ги следел оригиналните инструкции: неколку парчиња говедско, јагнешко, бубрези, риба или сланина, заедно со чај без млеко и шеќер и малку колачи или тост. Свинското месо не било дозволено бидејќи тогаш се верувало дека содржи скроб. Тенисон додал дека висок внес на протеини на почетокот на денот е добра стратегија за намалување на гладта.

За главниот оброк на денот, кој тогаш се нарекувал вечера (денешен ручек), подготвил бакалар со прокел, јагоди со шлаг и шери за пиење. Во оригиналната верзија на диетата било дозволено до седум чаша алкохол дневно, вклучувајќи вино, шери или ракија.


Алкохолот како неизоставен дел од диетата на Бантинг

Тенисон бил изненаден колку алкохолот бил присутен во исхраната на Бантинг.

„Човекот имал приоритети на искусен пират. Можеби алкохолот тогаш бил и побезбеден за пиење од водата“, коментирал.

Попладне изел малку овошје и колачиња, а за вечера пилешко и уште една чаша шери. Пред спиење, Бантинг препорачувал чаша грог (џин, виски или ракија без шеќер). Тенисон се одлучил за џин.


„Можеби изгубил сантиметри во половината, но што е со црниот дроб? Ако ова навистина помага за спиење, тогаш веројатно затоа што буквално те нокаутира.“

Резултат?

На крајот од денот, Тенисон внел вкупно 1714 калории, 115 грама протеини, 31 грам масти и 68 грама јаглехидрати.

Заклучил дека, ако се исклучи количината на алкохол, ваквиот начин на исхрана би можел да има смисла.

„Без алкохол, оваа диета се темели на едноставни намирници, без адитиви и индустриска обработка, што денес често ни недостига“, рекол тој.


Стручњаците: Интересно, но не одржливо на долг рок

Нутриционистката Лаура Ципуло истакнала дека диетата на Бантинг е претходник на модерната кето диета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk