Вчера заврши 82-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, каде што беа претставени некои од најважните филмови во годината, а Златниот лав му припадна на „Татко, Мајка, Сестра, Брат“ во режија на Џим Џармуш.
За време на фестивалот, имавме можност да видиме голем број светски ѕвезди и многу млади надежи, а една од оние што и оваа година нè фасцинираа на Лидо беше романската актерка Мадалина Генеа.
Убавицата, која гради кариера во Италија, се појави на црвениот килим веќе во првите денови од Фестивалот, кога присуствуваше на премиерата на филмот „The Smashing Machine“.
Мадалина Дијана Генеа, како што гласи нејзиното целосно име, за таа пригода избра многу гламурозен фустан од италијанскиот дизајнер Андреа Броча, а се работи за тесен макси фустан со сирена крој со луксузен златен украс во пределот на градите.
Од фустанот се спушташе проѕирна и многу долга опашка, која ја следеше Романката додека таа чекореше по црвениот килим, а за сè да биде уште полуксузно, таа носеше и дијамантски накит од јувелирската куќа „KULTHO“.
Актерката и поранешна манекенка како тинејџерка почнала да се занимава со манекенство, а се преселила во Италија на 15-годишна возраст и оттогаш постигнала голем успех.
Генеа се појави во музичкото видео на Ерос Рамацоти и претставувала многу брендови, а во меѓувреме влегла во глумата и играла во голем број популарни филмови и серии во Италија. Вниманието на пошироката јавност го привлече со улогата во холивудската продукција „Куќата Гучи“, по што медиумите ја нарекоа романската Софија Лорен.
Инаку, Мадалина претходно беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, како и со актерите Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо Дикаприо.