Марго Роби впечатливо се врати на црвениот тепих на лондонската премиера на филмот „Големо, смело и убаво патување“, еден од нејзините први големи настани откако стана мајка минатата есен.
Актерката и продуцентка носела креација од пролетната колекција на високата мода на Џорџо Армани за 2025 година, оддавајќи му почит на легендарниот дизајнер којшто почина на 91 година.
Актерката номинирана за Оскар носела целосно проѕирен фустан од нежна ткаенина, покриен со бисери којшто вклучувал ботанички елементи и необични облици.
Фустанот без ракави, долг до подот, имал тенки рамчиња споени во смел приврзок на средина од грбот.
Марго одлучила да го истакне раскошниот фустан со минималистички накит, додека изгледот го надополнила со сребрени сандали и елегантна фризура.
На црвениот тепих ѝ се придружил колегата Колин Фарел којшто е нејзин партнер во филмот. Тој се појавил во црн костум над кој носел беж капут, комбинирајќи го софистицираниот и лежерен стил.
Филмот во кината ќе биде промовиран на 19 септември, а Роби го игра ликот на Сара, додека пак Фарел ликот на Дејвид.
Ова исто така е прва промотивна турнеја на Марго Роби откако го доби синот со сопругот Том Акерли во октомври 2024 година.
Иако сѐ уште го крие неговото име од јавноста, Марго во неодамнешно интервју открила колку ужива во новата животна улога: „Тоа е најдоброто искуство“.