[ФОТО] Папараците ја фатиле Ева Лонгорија што прави со својот син на плажа, луѓето згрозени: „Постои граница меѓу нежност и нешто што не е во ред“

Кармин

20/06/2025

08:54

5.183

Големина на фонт

а а а

За најпопуларната „очајна домаќинка“ главно се пишува во суперлатив, од оправдани причини.

Факт е дека никогаш подобро не изгледала, со оглед на нејзините перфектни изданија, од црвен тепих до плажа.

Меѓутоа, Ева Лонгорија сега се нашла на удар на остри критики поради една фотографија со нејзиниот син Сантјаго.

Своевремено и Дејвид Бекам се најде на столбот на срамот поради истата работа поврзана со неговата ќерка. Да го бакнувате детето во уста – да или не?


Мислењата се поделени, за едни тоа е прекрасен начин да се искаже нежност, блискост и љубов, за други тоа е нешто необично, дури и одбивно.

Многу од докторите сметаат дека тоа не е добро затоа што во устата се наоѓаат огромен број микроби кои можеби нема да заразат возрасна личност, но можат на децата кои имаат послаб имунолошки систем да им пренесат некаква болест. Но, Ева Лонгорија не мисли така.

На социјалните мрежи се појави папарацо фотографија на која се гледа како актерката го бакнува својот син во уста.

„Морничаво“, „Непристојно“, „Непримерно“, биле само дел од негативните коментари на оние кои не одобруваат разменување на ваква нежност меѓу мајка и дете.


„Постои граница меѓу нежност и нешто што не е во ред“, порачале луѓето. Од друга страна, дел од коментарите биле во нејзина одбрана, истакнувајќи дека станува збор за „целосно обично“ искажување на родителска љубов и дека критиките повеќе говорат за оние кои ги кажуваат отколку за Ева.

Популарната „очајна домаќинка“ никогаш јавно не криела да покаже колку ѝ значи нејзиното синче и колку ужива во најважната улога во животот.

Сантјаго го родила во 2018 година на 43 години и често нагласува дека станала посилна и покомплетна жена откако се остварила во улогата на мајка.

Тоа била нејзина најголема желба и на секој чекор се забележува колку таа е задоволна со семејниот живот.


Пред неколку години јавноста ја згрози и Дејвид Бекам, кога ќерка си Харпер ја бакнуваше во уста. Славниот фудбалер бил принуден да се брани од негативните коментари, а случајот го коментирале и психолози и социолози. Тогаш фудбалерот објаснил дека сите свои деца ги бакнува на таков начин, освен најстариот син Бруклин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk