[ФОТО] Не им остана должна на фановите: Ќерката на Брус Вилис критикувана поради објавувањето „ранливи“ фотографии од нејзиниот татко

Кармин

24/06/2025

12:08

1.139

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Брус Вилис, Талула, ја бранела својата одлука да споделува фотографии од својот татко на Инстаграм. Актерот веќе две години се бори со деменција, а Талула покрај емотивните фотографии напишала дека поминале прекрасен ден заедно. Некои следбеници сметаа дека таквите моменти треба да останат приватни.

Еден од коментарите што предизвика расправа гласел: „Не мислам дека треба да го изложуваш својот татко пред јавноста! Тој е ранлив! Некои работи треба да останат приватни! Немаш негово одобрение за да го објавиш тоа!“.


Талула му отсечно му одговорила: „Здраво. Те слушам. Како семејство, ја користиме нашата сопствена проценка кога објавуваме нешто. Денес беше прекрасен ден исполнет со насмевки. Свесно одлучив да го споделам тоа со светот, затоа што знам колку тој им значи на сите.“


Поддршка од обожавателите

Иако некои коментари биле критички настроени, многу други ѝ се заблагодарија на Талула што споделила моменти на блискост со својот татко.

„Ти благодарам многу, прекрасна девојко. Великодушно е од тебе што ни дозволуваш да ги видиме тие моменти, затоа што знаеш колку и ние го сакаме“, напиша еден следбеник. Друг додал: „Како татко, можам да ти кажам дека прегратката што му ја даде беше непроценлива.“


Третиот, пак, ја поддржал нејзината одлука: „Споделуваш и ја покажуваш својата љубов кон татко ти без оглед на неговата дијагноза. Твоето семејство донесе поголема свест, едукација и внимание кон оваа тешка дијагноза. Следи го своето срце во секоја одлука и тоа не се однесува на никој друг.“

Борба со болеста

Вилис во 2022 година се повлече од глумата поради дијагноза на афазија, а една година подоцна беше потврдено дека боледува од фронтотемпорална деменција – прогресивна болест која влијае на однесувањето, личноста и говорот.

Талула и претходно со своите следбеници споделуваше фотографии со својот татко. Во август, во интервју за „E! News“, отворено зборуваше за тоа како се справува со дијагнозата на својот татко. „Нашите средби се полни со љубов и чувствувам дека тоа е нешто што надминува сè. Знам дека знае колку го сакам, знам колку тој ме сака мене – и колку нè сака сите нас“, изјавила тогаш.


Брус Вилис (70) од бракот со актерката Деми Мур има три ќерки – Румер (36), Скаут (33) и Талула (31), додека со сегашната сопруга Ема Хеминг има уште две – Мејбл (13) и Евелин (11). И покрај разводот, целото семејство остана блиско, често се фотографираат заедно и поминуваат посебни семејни моменти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk