Манекенката со српско потекло Даниела Ѓокиќ го оствари сонот на многумина – стана победничка на 20-тата сезона на престижниот натпревар „Germany’s Next Topmodel“.
Во конкуренција со најталентираните модели и под будното око на легендарната Хајди Клум, Даниела, млада студентка од околината на Штутгарт, ги освои срцата на жирито и публиката со својата природна убавина, единствена харизма и самодоверба што зрачеше од секој нејзин чекор.
„Јас сум Germany’s Next Topmodel 2025! Какво неверојатно патување – исполнето со солзи, смеа, сомнежи, храброст и огромен личен раст. Премногу сум благодарна за секоја секунда од ова патување. Им благодарам на другите девојки и момчиња од оваа сезона, ве сакам многу, засекогаш сте моето GNTM семејство! Му благодарам на целиот тим, на Хајди и на сите зад сцената, вие овозможивте да се случи магија. И огромно ви благодарам вам таму надвор, за целата љубов, пораките и прегратките од далечина. Без вас, овој момент не би бил ни половина толку убав“, напиша Даниела на својот Инстаграм.
Инаку како победничка Даниела ќе се појави на насловната страница на модното списание Базар.