Некои деца се гласни, секогаш се во центарот на вниманието, лесно им пристапуваат на непознати и разговараат со секого. Други се потивки, повнимателни, им треба време за да се опуштат, а понекогаш се најсреќни играјќи сами или со близок пријател.
И едното и другото е сосема нормално. Но, ако имате интровертно дете, постојат пет фрази за кои психолозите велат дека треба да ги избегнувате.
Затоа што, иако општеството генерално ги фаворизира екстровертите и гласните луѓе, поентата не е во тоа да го промените вашето дете за повеќе да се „вклопува“. Поентата е да го поддржите токму онакво какво што е.
Веројатно најчестите реченици што може да ги чуе едно интровертно дете, а според психолозите, едни од најштетните.
„Ова му дава до знаење дека неговото однесување е погрешно. И уште полошо – го учите да ги игнорира своите граници за другите да се чувствуваат подобро“, објасни психологот Рејчел Волф. На долг рок, ова може да доведе до тоа детето да стане „угодувач на другите“ (people pleaser) – личност која постојано им угодува на другите на своја сметка.
Нема ништо лошо во тоа вашето дете да биде тивко, дури и кога е во друштво. „Не кажувајте му дека е непристојно бидејќи не зборува. Тоа испраќа порака дека нивните чувства и природа се нешто од што треба да се срамат“, истакна терапевтката Кејт Робертс.
Таа додаде дека во култура која ја слави екстровертноста, срамежливоста честопати неправедно се смета за слабост, а не е.
Или уште полошо, „Престани да бидеш толку срамежлив/а.“
Овие реченици можеби звучат безопасно, но носат етикета и срам зад себе. Детето не избира да биде интроверт – едноставно е. „Тишината не е маана, туку особина на личноста“, нагласи Волф.
Робертс отиде и чекор понатаму: интровертните деца честопати имаат неверојатна моќ на набљудување и обрнуваат внимание на детали што другите ги пропуштаат.
Ова е сериозна грешка, велат експертите.
Да, екстровертите често се во центарот на вниманието, но тоа не значи дека се „поуспешни“. Интровертите исто така имаат исполнет, богат и успешен живот, но нивниот пат не е проследен со бучава, туку со тишина, внимателност и длабочина. Фразите што сугерираат дека интровертноста ќе ги спречи само ја поткопуваат нивната самодоверба.
Овие прашања може да изгледаат како охрабрување, но често се толкуваат како осудува „Испраќаат порака дека нешто не е во ред со тоа како се чувствуваат“, објасни социјалната работничка Кајли Мекграт. Всушност, на вашето дете можеби му треба малку слободно време или едноставно не му се игра со другите тој ден. И тоа секако е во ред.
Наместо да ја доведувате во прашање личноста на вашето дете, обидете се со ова:
„Во ред е да ти треба малку време“.
„Можеш да останеш тука со мене колку што сакаш“.
„Верувам дека ти самиот знаеш како се чувствуваш“.
Ова му покажува на вашето дете дека ги разбирате и ги почитувате неговите граници. За возврат, тоа учи да верува во себе.
Ако се сомневате дека интровертноста на вашето дете предизвикува проблеми, веднаш не паничете. Наместо да го форсирате дружењето или да го туркате во непознатото, едноставно прашајте го: „Како се чувствуваш кога си со непознати луѓе?“.
Можеби ќе ви кажат дека тоа е премногу за нив, дека е бучно, дека се изморени. И тоа е сè што треба да знаете за подобро да ги разберете.
На крајот на краиштата, децата се само мали луѓе. И ние возрасните понекогаш имаме потреба од тишина, нели?