Поради болеста на ќерка си се откажал од славата: Беше најголема ѕвезда кога ги слушнал страшните вести, но не му било гајле за парите – само исчезнал

Кармин

23/06/2025

08:52

6.351

Големина на фонт

а а а

Актерот Мет Лебланк (56), светски познат по улогата на Џои Трибијани од серијата „Пријатели“, кај многумина се врежа во срцата како еден од омилените ликови од серијата.

Малкумина знаат дека пред славата тој учел за столар, бил вљубеник во моторите, а откако го напуштил факултетот, се обидел и во водите на манекенството.

Снимал реклами за познати брендови, но поради висината не можел да учествува на модните писти.

Славата дошла кога имал само 11 долари

Улогата на Џои го вивнала во ѕвездите. Сепак, пред тој успех, во џебот имал само 11 долари. Во 2003 година, една година пред крајот на снимањето на серијата, Мет се оженил со американската актерка Мелиса Мекнајт (59), со која ја добил ќерката Марина Перл (20). Само осум месеци по раѓањето, Марина добила тешка дијагноза – невролошко нарушување.


„Секојпат кога ќе се обидеше да ползи, паѓаше на левата страна. Ми беше јасно дека нешто не е во ред“, раскажал актерот.

Целосно се повлекол од актерството

Кога докторите предупредиле дека болеста би можела да земе поголем замав, актерот ја донел најважната одлука во животот, да ја напушти кариерата и да се посвети на ќерката.

Бракот со Мелиса не го издржал товарот на тешките околности, па се развеле во 2006 година. Наредните пет години, Мет целосно се повлекол од јавниот живот.

„Му се јавив на агентот и му кажав да го заборави мојот број. Целосно се исклучив. Бев исцрпен, пред „пукање“. Морав да бидам татко и ништо друго“, изјавил искрено актерот.

Тие се преселиле на ранч во Калифорнија каде во целосна тишина и далеку од светлата на рефлекторите се грижеле еден за друг.


Марина ја победила болеста

„Дијагностициран ѝ беше проблем со мозокот. Тоа беше најмрачниот период од мојот живот, но го надминавме. Велат дека тоа што не те убива само те зајакнува. Кога првпат ја здогледав, се заљубив. Никогаш не знаев дека толку многу знам да сакам некој“, изјавил Мет.

Денес Марина е здрава и често се појавува со татко ѝ на црвениот тепих, насмеана и горда. Нивната приказна потсетува дека родителската љубов и посветеност е посилна од сите болести на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk