Семеен терапевт открива 10 лекции кои успешните деца ги учат од своите родители: Само вака ќе пораснат во вистински луѓе

Кармин

07/05/2025

13:14

838

Големина на фонт

а а а

Родителите се првите учители на детето. Без оглед на тоа кои лекции свесно им ги наметнуваме, нашите деца учат додека ги набљудуваат нашите реакции, ставови и интеракции.

Секое семејство има свои вредности, оние вистински во кои најмногу веруваме и оние за кои имаме најсилни уверувања.

„Без оглед на вредностите кои ги имаме, ние преку нив ги учиме нашите деца. Тие се јавуваат низ начинот на којшто зборуваме, приказните кои ги раскажуваме и начинот на којшто се однесуваме кон другите“, вели советникот и брачен и семеен терапевт Дејвид Мекфаден за „Your Tango“.


Најуспешните деца од своите родители ги учат следните 10 животни лекции:

Работна етика

Во последно време постојат сѐ повеќе дискусии за работната етика на децата. Некои семејства веруваат дека желбата и амбицијата се клучни. Каква работна етика сакате вие да им вметнете на вашите деца?

Грижа за другите

Колку ви е важно семејството? Сакате ли да ја пренесете вредноста да даваме сѐ од себе за да ги заштитиме и да се грижиме за другите членови од семејството?

Почит кон другите луѓе

Логично е секогаш да придавате значење на индивидуалните права. Што сакате вашите деца да знаат и да ценат кај другите кога станува збор за нивниот поглед на правата на луѓето како поединци, без разлика на националноста, расата и полот?


Искреност

Имате ли цврст став по прашањата за говорење на вистината којшто сакате да го прифатат вашите деца? Постојат ли можности во кои верувате дека се во ред или можеби подобро е да ве лаже и да не ви ја кажува вистината? Дали верувате дека вистината е најважна во секој момент и во сите ситуации?

Одговорност

Дали ви е важно поединци да преземат одговорност за своите постапки и да ги извршат задачите кои кажале дека ќе ги извршат?

Традиција

Некои семејства имаат традиција која била темел на семејните животни генерации. Традицијата може да биде верска, културна или референца за одредени празници. Обичаите за кои верувате дека на вашиот живот му дале смисла, важно е да ги споделите со своите деца.

Великодушност

Дали ви е важно да им помогнете на семејството и пријателите во кризни времиња? Дали помагате на непознати лица?


Интелектуална љубопитност

Во животот може многу да се научи, а најпродуктивните луѓе никогаш не престануваат да учат. Помагањето на децата да ја развијат својата природна љубопитност во светот и за луѓето околу себе многу значи.

Простување

Сите барем во еден момент во животот сме биле повредени, па и изневерени. Важно е да ги научиме нашите деца да простуваат, како и да се заштитат, да постават граници и да ги препознаат знаците на злобните луѓе кои можат да им нанесат болка.

Ефикасна комуникација

Учењето ефикасна комуникација е вештина која исто така е вредна за животот понатаму. Без оваа вештина тешко е да говорите за сопствените потреби, што може да доведе до непријатни ситуации и лутење. Развивањето ефикасна комуникација гради самодоверба, нуди подобрување во решавањето проблеми, ги зголемува шансите за успех.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk