По долгиот спор веќе нема никаков сомнеж: даночните обврзници во Британија нема да плаќаат за обезбедувањето на принцот Хари, Меган Маркл и нивните деца. Веднаш штом беше изречена пресудата, синот на кралот Чарлс седна пред камерата на Би-би-си, а неговите изјави се проширија на социјалните мрежи.
Принцот Хари го загуби правниот спор што го започна поради промените во полициската заштита што ги донесе британската влада откако тој се повлече од кралските должности, а веднаш потоа даде големо интервју за Би-би-си.
Адвокатскиот тим кој стои зад пресудата рече дека не би било соодветно Хари јавно да плати обезбедување откако тој се повлече од кралските должности.
Војводата од Сасекс е огорчен што не може автоматски да добие лична полициска заштита додека е во Британија, како и неговата сопруга Меган Маркл и нивните деца принцот Арчи и принцезата Лилибет, а во разговор со британскиот јавен сервис изјавил многу работи што кренале бура во јавноста, па се огласила и Бакингемската палата.
Синот на кралот Чарлс III и покојната принцеза Дијана истакна дека „имало многу несогласувања“ меѓу него и некои членови на неговото семејство.
„Секако, никогаш нема да ми прости за многу работи, но … Би сакал помирување со семејството, нема смисла повеќе да се борам против тоа“, изјави принцот Хари за Би-би-си.
Принцот рекол дека промените во неговото обезбедување од 2020 година не го погодиле само него, туку и неговата сопруга, а подоцна и неговите деца.
„Сите знаеја дека нè доведуваат во опасност во 2020 година и се надеваа дека мојата свест за тој ризик ќе нè принуди да се вратиме“, тврди тој. „Но, тогаш кога ќе сфатите дека тоа не успева, зарем не сакате да не заштитите?“
„Без разлика дали сте Влада, Круна, дали сте мојот татко, моето семејство … И покрај сите наши разлики, зар не сакате само да ни обезбедите безбедност?“, прашува принцот Хари.
Prince Harry, "I can't see a world in which I would be bringing my wife and children back to the UK at this point"
— Farrukh (@implausibleblog) May 2, 2025
"The things they're going to miss is everything"
"I love my country, I always have done, despite what some people in my country have done"
"I miss the UK.. I… pic.twitter.com/XuVsqhsoHF
На прашањето дали му недостига Велика Британија, тој одговори:
„Ја сакам својата земја, секогаш сум ја сакал, и покрај тоа што некои луѓе во таа земја го направиле … и мислам дека е навистина доста тажно што нема да можам да им ја покажам татковината на моите деца.“
Принцот Хари рече дека нема да објави ново видео и заклучи дека пресудата од петокот докажува дека „нема начин да се добие ова преку судски пат“.
„Посакувам некој да ми го кажеше тоа порано“, рече тој и истакна дека пресудата бил „изненадување“.
„Ова е, во суштината на сè, семеен спор и навистина, навистина ме растажува што седиме овде денес, пет години подоцна, а донесена е одлука која најверојатно, всушност сега тоа го знам, би нè задржала под кровот.
„Животот е скапоцен. Не знам колку живот му остана на татко ми, а тој не сака да разговара со мене околу овие безбедносни работи. Би било убаво да се смириме“.
Бакингемската палата издаде ретко соопштение по што на принцот Хари во петокот му е одбиена жалбата со барањето повторно да биде вратен на трошок на даночните обврзници.
„Сите овие прашања неколкупати внимателно ги испитуваа судовите, со ист заклучок во секоја прилика“, изјави портпаролот на Палатата за одлуката државата да не го плати обезбедувањето на Хари.
Алиса Андерсон, поранешна прес-секретарка на покојната кралица Елизабета Втора, изјави за Скај њуз дека Бакингемската палата ќе обрне внимание на интервјуто и го критикуваше што ја споменал неизвесноста за иднината на кралот.
Чарлс се лекува од рак повеќе од една година и прогнозите се оптимистички, а од дијагнозата е активен речиси цело време и навреме ги завршува обврските, енергичен и насмеан. Затоа сега оваа изјава на принцот Хари може да ги подгрее гласините дека кралот е полош од познатото.
„Принцот Хари вели: ’Не знам уште колку време има татко ми‘, тоа ќе предизвика вистинска загриженост и повеќе шпекулации во медиумите и пошироката јавност за тоа каква е неговата дијагноза, што нема да донесе ништо добро во иднина“, рече таа.
„Она што не го сакате е вашиот приватен живот да се прикажува во медиумите“, заклучила таа.
„Значи, ако навистина сакате помирување, направете го тоа во приватност, а не во интервју за „BBC News“.