Речиси во секој дом во којшто има деца има премногу играчки. Разни магнети, автомобили, коцки, кукли, конструкторски сетови... Сето тоа се работи кои им ги купуваме на децата за да бидат среќни и да уживаат во играта.
Меѓутоа, тоа е целосно погрешно затоа што се докажало дека на децата им се потребни многу помалку играчки отколку што има.
Д-р Алексиа Мец правела студија на Универзитетот во Толедо 2017 година, во која учествувале деца на возраст меѓу 18 и 30 месеци. Таа ги вовела во просторија во која се наоѓале голем број играчки наменети за таа возраст.
„Дома носиме многу играчки, мислејќи дека играчките се тие кои нашето дете ќе го донесат до Харвард“, вели Мец, па додава: „Но, потоа не ја гледаме вредноста во нивната игра затоа што не можат да се организираат доволно“.
Работата е во тоа што, како што покажала студијата, на детето му се потребни само четири играчки.
Во текот на спроведувањето на студијата, децата кои учествувале во просек зеле по 16 играчки, но за кратко време ги спуштале на земја и преминувале на друга играчка.
„Тоа нивно истражување на играчки е толку брзо што немаат време да седат и да ги истражуваат сите работи кои играчката може да ги направи пред да преминат на следната“.
Од друга страна, кога децата влегле во просторија во која имало само четири играчки, ги погледнале сите и потоа имале време да играат со нив.
Седнале и играле дупло повеќе, на различни начини, а играта била поквалитетна.
„Немаа толку голема желба да погледнат нешто други. Децата знаеја дека ништо нема да им недостасува доколку седат уште малку и играат со таа играчка“, вели терапевтката.
Терапевтката советува дека доколку имате „паметни“ играчки односно оние кои го поттикнуваат детскиот развој, доколку ги имате премногу нема да ви бидат од никаква корист.