Зеленчукот е клучен за избалансирана и здрава исхрана, нуди широка лепеза на хранливи материи, витамини, минерали и диетални влакна кои придонесуваат за општа благосостојба.
Овие намирници се преполни со нутриенти кои се познати по тоа што помагаат во јакнење на имунитетот, варењето на храната, како и „произведување“ енергија.
Меѓутоа, кога станува збор за тоа како зеленчукот влијае на метаболизмот, не се сите видови од овие намирници добри. Некои можат да го забават метаболизмот и да создадат проблеми со вишокот килограми.
Индискиот доктор Барат Џиндал, експерт за исхрана, открил дека еден, наизглед здрав зеленчук може да го забави метаболизмот, но и да додаде сало околу струкот.
Според неговите зборови, компирот е намирница која треба внимателно и ограничено да се консумира.
Компирот е основна намирница во многу од културите и дефинитивно една од најомилените, богата е со јаглехидрати поради што нејзиното влијание врз контрола на тежината и работата на метаболизмот и тоа како е значајна.
Содржи сложени јаглехидрати кои предизвикуваат нагло зголемување на шеќерот во крвта, па потенцијално доведуваат до зголемено лачење инсулин.
Високото ниво на инсулин влијае на складирањето вишок енергија како масти, а претераното консумирање храна со високо ниво на јаглехидрати (како компирот), потенцијално доведува до зголемување на телесната тежина.
„Компирот кога се преработува во чипс или помфрит, подложен е на обработка на висока температура. Тоа формира акриламид, соединение поврзано со складирањето масти. Всушност, брзото варење на скробот во овие облици може да доведе до зголемување на шеќерот во крвта, придонесувајќи мастите, односно салото да се наталожи во пределот на струкот“, вели д-р Џиндал.
Важно е да се каже дека гликемискиот индекс на компирот може да варира во зависност од начинот на подготовката и видот. Варениот или печениот компир со лушпа има понизок гликемиски индекс во споредба со преработените облици, како помфрит или чипс.
Иако зеленчукот претставува клучен дел од здравата исхрана, нема секој вид ист ефект врз нашето тело. Нутриционистите предупредуваат дека компирот, особено доколку зборуваме за чипс или помфрит, може да доведе до нагло зголемување на шеќерот во крвта, што доведува до ослободување инсулин и потенцијално таложење масти.