На Инстаграм профилот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, денес во чест на 10-тиот роденден на девојчето е објавена фотографија од нивната ќерка, принцезата Шарлот Дијана Елизабет.
Принцезата од Велс ја продолжи традицијата да ги фотографира своите деца за нивните родендени, а потоа јавно да ги споделува тие портрети. Таа традиција накратко ја прекина на 23 април за седмиот роденден на нејзиниот син Луис, па беше објавена фотографија чиј автор е Џос Брунел. Сега се чека 12-тиот роденден на принцот Џорџ (23 јули). Денешната славеничка во рекордно време доби огромен број на честитки.
„Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“, пишува покрај фотографијата на девојчето, а Кејт Мидлтон, принцезата од Велс е наведена како авторка на сликата.
За само неколку минути сликата има повеќе од 21 илјада лајкови, а многумина се придружија на честитањето на јубилејниот роденден.
Принцезата Шарлот плени со насмевката, а мама Кејт Мидлтон успеа да долови вистински момент на вистинска среќа, онаа детската, најискрената.
Фотографијата е и пример како Кејт и Вилијам се обидуваат на своите деца да им овозможат што повеќе прекрасни семејни моменти, далеку од дворецот, во природа, а славниот пар е познат како голем љубител на природната убавина, принцот од Велс е исто така многу посветен на екологијата, како неговиот татко Чарлс, но и принцот Хари.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам сакаат на своите деца и покрај сите предизвици да им овозможат „нормално“ детство, а тоа секако не е лесна задача, но нивната мисија е јасна.
Познато е и дека Шарлот е голема љубителка на протоколот и другите правила кои се почитуваат во британската монархија, па дури се предвидува дека во иднина би можела да има поважна функција во хиерархијата, како сестра на идниот крал Џорџ, а некои би сакале да ја видат и неа на тронот бидејќи „таа е иста кралицата Елизабета Втора“. Во последно време сè повеќе ја споредуваат со нејзиниот татко Вилијам, додека Хари неа и Луис ги опишува како „резерва“ затоа што стојат зад својот постар брат во редот за круната, па ги споредува со себе, што на принцот од Велс воопшто не му се допаѓа.
Едно е сигурно, за Шарлот допрва следуваат големи работи, а и досега имаше обично – необично растење.