Сабрина Карпентер се појави на Мет Гала 2025 во издание кое веднаш предизвика лавина реакции.
Во согласност со темата на вечерта, „Superfine: Кроење во црнечки стил“, таа се одлучи за модна комбинација во боја на еспресо што многумина ги потсети на нејзиниот истоимен хит „Espresso“.
Пејачката одлучи да ги спои елеганцијата, хуморот и сопствениот музички идентитет. Имено на црвениот килим пристигна во боди во боја на еспресо, преку кое носела сако во истата нијанса и долга опашка што наликува на две големи вратоврски, сите во еспресо тонови со мал бел детаљ околу јаката.
Многумина корисници на социјалните мрежи го коментираа нејзиниот изглед. „Таа е еспресо! Секако дека е!“, „Облека во боја на еспресо, обожувам. Сабрина Карпентер, каква жена“, „Изгледа како свежо сварена шолја еспресо!“, „Ја сфати задачата!“, беа само дел од коментарите.
Меѓутоа, имаше и такви кои очекуваа повеќе. „Слатка е, но можеше да направи нешто поинаку со косата“, „Очекував повеќе, но дефинитивно е ода на еспресото“, „Овој изглед ќе беше уште подобар ако имаше поинаков долен дел – на пример, драматична здолниште или панталони“, „Ја сакам, но одигра премногу сигурно – а Мет Гала не е место за тоа!“, коментираа други.
Потсетуваме песната „Espresso“ помина вкупно 21 недела во топ 20 на официјалните листи за синглови, вклучувајќи седум недели на првото место.
„Espresso“ исто така помина 14 недели во топ 3 на листата „Global 200“ на „Billboard“, достигнувајќи го првото место во јуни минатата година. Исто така, го сруши рекордот за најбрзо постигнати 1,2 милијарди преслушувања на Спотифај.
Инаку, Мет Гала традиционално се одржува во првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а покрај тоа што ги собира познатите личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер – се собираат средства за Институтот за костимографија.
Овогодишната тема – „Superfine: Кроење во црнечки стил“ – ја стави во фокус модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Tailored for You“ им даде можност на гостите да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.