[ФОТО] Многумина ги растажи фотографијата од најубавото девојче во светот: „Станала жртва на филери за усни“

Точка

05/05/2025

16:07

1.492

Големина на фонт

а а а

Французинката Тилан Блондо светската јавност ја запозна кога имаше само шест години и кога беше наречена „најубавото девојче во светот“. Откако ја открил Жан Пол Готје, таа веќе на шестгодишна возраст почна да се појавува на модните писти.

Тилан сега има 24 години и е успешна манекенка, а соработувала со најголемите имиња во светот на модата, како што се Долче и Габана, Лореал Париз, Версаче, Ралф Лорен и Хуго Бос.


„Изгледа дека станала жртва на филери за усни“

Освен што гради кариера на модната писта, Тилан е активна и на социјалните мрежи. Има речиси седум милиони следбеници на Инстаграм, а многумина се изненадени од нејзиниот денешен изглед. Имено, уште од 2022 година таа има кафеава коса, а поради најновата фотографија на која позира со „напрчени“ усни, многумина нејзини следбеници коментираа дека користи филери за усни.


„Изгледа како да станала жртва на филери за усни“, напишал еден, додека друг додал: „Во минатото ми делуваше прекрасно со сините очи и дивата руса коса. Сега ми делува малку строго и сериозно. Таа е сè уште убава, но повеќе не е истата сензација каква што беше како дете“.


„Таа е сè уште прекрасна“, „Прекрасна“, „Убавица“ и „Волшебна“, коментираа други.

Не била свесна за нејзината популарност

Инаку, во интервју за „Телеграф“ во 2018 година, Тилан откри дека кога била помлада не била свесна за нејзината глобална популарност. „Луѓето ми велеа дека сум најубавото девојче во светот, а јас си мислев во себе: „Не сум, само сакам да си играм со мојот iPad“, изјавила Тилан.


„Истото ми го кажуваат и денес, а јас сè уште тврдам дека сум само обична девојка, тинејџерка“, додала таа. Инаку истата година, таа го лансирала својот моден бренд „Heaven May“, но не е познато дали нејзината модна линија сè уште постои бидејќи од 2019 година ништо не е објавено на официјалниот инстаграм профил на брендот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk