Блогерката Сара Путо (20) од Финска е една од оние кои не ги обработуваат фотографиите на Фотошоп.
Сепак, блогерката користи Фотошоп за да ја покаже разликата помеѓу обработените и необработените фотографии.
„Денес тешко е да се сетиме дека вишокот килограми и надуеноста се нормални и дека тоа е нешто што се случува секому. Игнорирајте ги мислите како оние дека мора да изгледате вака или онака. Не мора да вежбате како луди, ниту секогаш да јадете здраво за да облечете бикини и да изгледате одлично на фотографиите“, пишува во една од нејзините објави на Инстаграм.
„На фотографиите секогаш се трудам да го вовлечам стомакот или вешто да го сокријам со стратешка поза“, открила младата блогерка.
Нејзините следачи се благодарни што споделува позитивен став кон телото и се туди да ги промени болните идеали за убавина.