Не живејте во заблуда: Дами, ова се најголемите митови за женскиот циклус во кои мора да престанете да верувате

Точка

12/08/2019

16:19

6.946

Големина на фонт

а а а

Некои жени се склони да веруваат во разни приказни, а митовите во кои верувале и нашите баби се пренесуваат од генерација на генерација.

И покрај бројните напредни мислења на експертите, многу жени сè уште не знаат што е точно, а што е мит. За таа цел, ви претставуваме неколку распространети мислења за женскиот циклус и вистината позади нив. 

Тоа што добивате менструација секој месец значи дека сте плодни

Редовната менструација е голем показател на плодност и тоа значи дека овулирате, но плодноста бара многу повеќе од тоа. За да бидете плодни, треба да имате здрави јајце клетки, матка и јајцеводи. За жал, тоа што вашата менструација е редовна секој месец не значи дека можете да останете бремени кога ќе посакате.

Не можете да останете бремени кога имате менструација

Ова донекаде е и точно, но бидејќи здравата сперма може да опстои во вашиот репродуктивен систем со денови, а циклусот варира, може да се случи да останете бремени. Исто така, не секое вагинално крварење е менструација – некои жени добиваат минимално крварење кое се појавува кога се близу до овулација.


Менструалниот циклус не смее да изостанува

Доколку пиете контрацептивни пилули, може да се случи изостанок на менструацијата поради хормоните кои влијаат на формирање на ѕид на матката, пишува “Cosmopolitan”. Доколку не пиете контрацептивни пилули, а менструацијата ви изостанува, задолжително консултирајте се со гинеколог.

Не смеете да вежбате или пливате за време на менструацијата

Во минатото се верувало дека жените за време на менструацијата треба да одмараат и дека секоја напорна физичка активност може да доведе до зголемено крварење и болки. Научниците тврдат дека вежбањето пред и во текот на циклусот всушност може да помогне во елиминирањето на болките и да го намали апетитот за храна.

Предменструалниот синдром е лага

Ова не е точно – предменструалниот синдром е реален и се јавува поради хормоните кои се лачат во пост-овулацијата. Ваквите хормони предизвикуваат умор, промена на расположението, болка во градите, несоница и надуеност.


Тампонот може да се “изгуби” во вашата вагина

Овој мит воглавно се заснова на недоволното познавање за анатомијата на човековото тело и вагината. Цервиксот спречува тампонот да продре подлабоко, па затоа доколку ви се случи некаква незгода, можете да го извадите со прсти.

Ужасната и неподнослива болка е нормална

Тука станува збор за болка која ве парализира и не дозволува да станете од кревет и да ги завршите своите секојдневни обврски. Се верува дека болката за време на циклусот е нормална, меѓутоа болните менструации можат да бидат индикатор за некој друг проблем. Затоа, доколку имате ужасно неподнослива менструација, задолжително закажете гинеколошки преглед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk