Норт Вест, 12-годишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, предизвика бројни реакции откако се фотографирала со лажни тетоважи на лицето и украс за заби, познат како „grillz“.
Фотографиите се шират на социјалните мрежи, а се појавија и на нејзиниот ТикТок профил, кој го дели со нејзината мајка Ким Кардашијан. Како што може да се види, таа носела сини контактни леќи, а рацете ѝ биле покриени со таканаречени „хена“ тетоважи кои не се трајни.
Коментарите на ТикТок биле забранети, но се појавиле бројни коментари на другите социјални мрежи, како што Икс и Фејсбук.
„Зошто на мало девојче му е дозволено да го прави ова?“, „Нема шанси Ким да не знаела дека фотографиите ќе бидат објавени. Срамно“, „Зошто не го штити сопственото дете?“, „Жал ми е за ова девојче“, се само дел од коментарите.
Инаку раперот Канје Вест повеќе пати јавно ја критикувал својата поранешна сопруга Ким. Според него, таа е виновна што нивната 12-годишна ќерка се облекува вака.