Пица-стапчињата се едноставна закуска што се подготвува брзо и бара минимални состојки. Одлични за вечерни дружби, без разлика дали со семејството или пријателите.
Лесни се за подготовка, а комбинацијата од стопен кашкавал, благ доматен сос и крцкаво тесто гарантира вистинско уживање.

1 пакување лиснато тесто
100 г рендан кашкавал
100 г салама
2 лажици доматен сос или кечап
Суви зачини по вкус (оригано, босилек, лук во прав)
1 жолчка од јајце за премачкување

Развлечете го лиснатото тесто на набрашнета површина. Рамномерно распоредете доматен сос или кечап по целото тесто. Потоа наросете со рендан кашкавал по ваш избор, а врз кашкавалот наредете ја ситно ренданата салама.
Додадете сушени зачини по вкус, како што се оригано, босилек и лук во прав, за да го засилите вкусот. Потоа, внимателно исечете го тестото на ленти широки околу два сантиметри.
Секоја лента можете да ја свиткате или да ја оставите рамна, а потоа да ги премачкате со жолчка од јајце за да добијат убава златна боја откако ќе се испечат.
Печете ги пица-стапчињата во претходно загреана рерна на 200°C околу 12 до 15 минути, додека да станат крцкави и златно-кафеави.
Сервирајте ги топли како совршена ужина со филм, серија или натпревар. Пријатно!