Чизкејк бомбици за послатка славска трпеза: Се прават од 3 состојки и готови се за 20-на минути

Кармин

22/10/2025

16:07

385

Големина на фонт

а а а

Овој едноставен десерт од мелени бисквити ќе ви заштеди многу време кога е период на славите, но со вкусот не заостанува зад комплицираните слатки.

Овие бомбици на сите им успеваат, а исто така се евтини, практични и совршено слатки.

Нема славска трпеза без слатките колачи, меѓу нив главно доминираат бомбиците, најлесните домашни колачи за подготовка, а денес ви претставуваме еден прекрасен рецепт.

За едноставните чизкејк бомбици од три состојки не ви е потребна ниту рерна, а кремастата структура ги претвора во едни од омилените слатки за многумина.

Состојки:

- 100 грама мелени бисквити;
- 230 грама крем-сирење;
- 50 грама шеќер во прав.


Подготовка:

1. Изматете го крем-сирењето со шеќерот во прав, па додадете половина од мелените бисквити.

2. Кога ќе ги измешате состојките, со лажица извадете делови од смесата кои ќе ги обликувате како топчиња.

3 Извалкајте ги во мелените бисквити, па обликувајте топчиња, па повторно извалкајте ги во мелените бисквити.

4. Распоредете ги во чинија, па оставете ги во фрижидер околу половина час.

По желба може да ги прелиете со топено бело чоколадо или да ги извалкате во кокос или шарени трошки.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk