[ФОТО] Речиси 10 години по смртта на сопругот – Спектакл: Легендарната манекенка на 70 годишна возраст воодушеви на црвениот килим

Точка

23/10/2025

18:31

1.091

Големина на фонт

а а а

Легендарната манекенка Иман, вдовица на музичката икона Дејвид Боуви, се појави на црвениот килим на „Есенската гала на Американскиот балетски театар“ во Њујорк и воодушеви со својот изглед.

На 70-годишна возраст, Иман сè уште зрачи со елеганција и самодоверба, а нејзиното ретко појавување во јавноста привлече големо внимание.

Супермоделот, која се повлекла од јавниот живот по смртта на Боуви во 2016 година, блесна во прекрасен сатенски фустан со раскошни слоеви, кој бил украсен со црвен цветен вез, кој го нагласил неговиот предниот дел.


Изгледот го надополнила со дијамантска нараквица и обетки, додека фризурата во ретро стил – кратка боб фризура со гламурозни кадрици – дополнително го нагласила нејзиниот беспрекорен изглед.

Иман пристигнала на настанот за да ја поддржи балерината Мисти Коупланд, која неодамна се збогувала со Американскиот балетски театар, завршувајќи ја брилијантната кариера како првата Афроамериканка што ја зазела позицијата главна балерина во историјата на организацијата.


Откако го загубила сопругот, Иман ретко се појавува на јавни настани. Во едно интервју, таа признала дека периодот по смртта на Боуви бил исклучително тежок за неа:

„Беше премногу. Живеевме многу повлечено и одеднаш се чинеше како да сме станале мета – јас и ќерка ми. Луѓето постојано стоеја пред нашата куќа, што го разбирам, но во еден момент морав да кажам: „Доста, одете дома“.


Таа исто така раскажала како нивната љубовна приказна всушност била судбина. Иман и Боуви се запознале на состанок на слепо во 1990 година, организиран од неговиот фризер, но исто така открила дека нивните патишта повеќе пати се вкрстувале и пред тоа:

„Прв пат бев на неговиот концерт во Њујорк во 1976 година. Ме поканија да се запознаам со него зад сцената, но јас не отидов. Подоцна, секогаш одев на неговите концерти, но никогаш не го запознав. Судбината го чекаше својот момент“, раскажала Иман.


Нивниот брак траел 23 години, сè до смртта на Боуви во 2016 година по битката со рак на црниот дроб. Оттогаш, Иман се посветила на семејството и нивната ќерка, Александра Захра Џонс, а денес вели дека нејзиното семејство е нејзин највисок приоритет:


„Денес, се гледам себеси пред сè како мајка и баба – тоа е моето место во животот“ признала Иман.

Со насмевка, таа додала дека единственото нешто што ја спречува на 70-годишна возраст се високите потпетици:

„Не можам повеќе да носам потпетици. Ги знам моите граници“ се пошегувала манекенката, која сè уште е олицетворение на грациозност и стил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk