Фитнес инструкторката и инфлуенсерка, Кајла Итсинес се породила пред само три недели, а промените на телото секоја недела ги споделува со своите најмалку 11 милиони следбеници.
Уште кога ја објавила фотографијата од првата недела после породувањето, луѓето не можеле да поверуваат дека штотуку се породила, а според новите фотографии, Кајла својата линија ја враќа со неверојатна брзина.
Некои следачи се воодушевени од нејзиниот изглед, додека други ѝ замеруваат дека на сите останати нови мајки им создава притисок, па од нејзините објави често се случува да се развие расправија.
„Не ви покажувам како сум ослабнала после бременоста, само го документирам својот пат“, објаснила таа.
„Прво сите приговаравте дека го сокрива телото, а сега кога го покажува ви пречи шо не изгледа ‘доволно лошо’ за нова мајка. Ако мислевте дека Кајла после породувањето ќе има голем стомак, сте се излажале. Беше слаба и претходно, за неа е нормално да биде слаба и после породувањето“, застанала во нејзина одбрана една обожавателка.