[ВИДЕО] Се омажи Ивона Јо, еден месец по романтичното запросување: „Тоа што Бог го споил заедно, никој човек да не го раздели“

Точка

20/02/2026

18:44

859

Големина на фонт

а а а

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ (29), во јавноста позната како Ивона Јо, официјално заплови во брачните води. Таа се омажи за својот избраник Кристијан Тодоров (25), само еден месец по романтичното запросување кое се случи на почетокот на јануари.

Среќната двојка убавата вест ја сподели преку видео на Инстаграм, а Ивона во описот објави и инспиративен библиски цитат:

„Веќе не се двајца, туку едно. Тоа што Бог го споил заедно, никој човек да не го раздели“.


На видеото, пејачката блеска во бела венчаница украсена со чипкани детали, додека во рацете држи елегантен букет од кали. Кристијан е облечен во бела кошула и црно палто, а двајцата гордо го покажуваат изводот од матичната книга на венчаните – симбол на нивниот нов почеток.

Да потсетиме, Ивона и Кристијан првата заедничка фотографија ја објавија на социјалните мрежи на почетокот на јануари, а само неколку дена подоцна пејачката откри дека добила романтично „да“ на прашањето што го менува животот.


„По Неговата милост, го започнуваме ова поглавје. Моето најлесно ‘да’“, напиша тогаш Ивона, изненадувајќи ги своите следбеници со радосната вест.