[ФОТО] Адријан Гаџа ја круниса својата љубов со партнерката Сидорела, наскоро ќе стане и татко

Точка

20/02/2026

19:30

1.230

Големина на фонт

а а а

Познатиот пејач Адријан Гаџа, кој подолго време е повлечен од музичката сцена и веќе неколку години води успешен угостителски бизнис во Скопје, тивко и далеку од медиумското внимание ја официјализираше својата љубов со Сидорела Даути, пренесуваат медиумите.

Нивната романса беше забележана уште минатото лето, кога беа видени како заедно уживаат на одмор, што јасно навестуваше дека врската станува сè посериозна.


Гаџа објави неколку фотографии со партнерката, а во коментари следбениците и многу јавни личности меѓу кои Лила Филиповска, Калиопи и Тамара Тодевска му честитаа и му напишаа дека изгледаат прекрасно.

Во меѓувреме, се појавија информации дека парот има дополнителна причина за радост – наскоро ќе станат родители. Веста означува ново и значајно поглавје во приватниот живот на Гаџа, кој очигледно ја пронашол својата среќа надвор од рефлекторите.


Пејачот одлучил овој дел од својот живот да го зачува далеку од очите на јавноста, штитејќи ја приватноста на своето семејство и споделувајќи ги најважните моменти само со најблиските.