[ВИДЕО] Патрик Демпси откри дека Ерик Дејн пред смртта почнал да ја губи способноста за говор: „Беше прикован за кревет“

Точка

20/02/2026

15:13

398

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Патрик Демпси се прости од својот колега од серијата „Вовед во анатомија“ Ерик Дејн, кој почина на 53-годишна возраст по борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС).

За време на гостувањето во „The Chris Evans Breakfast Show“, Патрик Демпси изјави дека веста за неговата смрт многу го растажила и дека многу му е жал за неговите деца. Последен пат се допишувале пред една недела.

„Некои наши пријатели отидоа да го посетат и тој навистина почна да ја губи способноста за говор. Беше прикован за кревет и му беше многу тешко да голта, така што квалитетот на неговиот живот брзо се влошуваше. Беше најсмешниот човек. Беше вистинско задоволство да се работи со него и сакам да го паметам во тој дух, бидејќи секојпат кога беше на снимање, носеше толку многу забава“, рече тој.

Додаде дека имал одлична смисла за хумор и дека било лесно да се соработува со него. Наведе и дека меѓу нив двајца никогаш немало конкуренција и дека меѓусебно се почитувале.


„Направи неверојатна работа во подигнувањето на свеста за оваа страшна болест во тие преостанати денови и тоа нè потсетува дека сите мораме да го славиме секој ден како да ни е последен. Тоа е нешто на што мора да се потсетуваме, а секако во свет во кој има толку многу кризи и толку многу трагедии, навистина мора да бидеме благодарни за секој момент што го имаме“, меѓу другото изјави тој.

Семејството на Ерик Дејн за списанието „People“ ја откри тажната вест за неговата смрт.

„Во текот на својата борба со АЛС, Ерик стана страстен застапник за подигнување на свеста и истражување, решен да направи промена за другите кои се соочуваат со истата борба. Многу ќе ни недостига и секогаш ќе го паметиме со љубов“, меѓу другото наведоа.