Бјанка Дијас почина 18 дена по естетска операција, откако повторно била примена во болница поради лекување на симптоми. Бразилската инфлуенсерка Бјанка Дијас почина на 27-годишна возраст, само неколку дена по естетска операција, пренесува „The Sun“.
Бјанка се наоѓала на домашно закрепнување по зафатот, кој првично поминал без компликации, кога одеднаш ѝ се слошило, според наводите на нејзиното семејство.
Во болница била пренесена поради отежнато дишење.

Починала 18 дена по операцијата, откако повторно била хоспитализирана за лекување на симптомите. Наводно, причината за смртта е белодробна емболија. Поведена е истрага за да се утврди точната причина за нејзината смрт.
Пред да биде пренесена во болница, Бјанка Дијас престојувала во семејната куќа во близина на Сао Пауло во Бразил. Бјанка, која имала речиси 60.000 следбеници на „Instagram“, била истакната личност во својот роден град Маиа.

На нејзиниот профил на „Instagram“ стоело: „Живеам со свое темпо, без брзање и со цел.“
Бјанка инаку е мајка на две ќерки и неодамна објавувала фотографии и впечатоци од посетата на Лондон во текот на ноември и декември.

Официјалните лица не го открија точниот вид на зафатот на кој се подложила, што остави простор за шпекулации во јавноста. Дискусиите на интернет се насочени кон ризични естетски процедури, вклучително липосукција и абдоминопластика.
Ќе биде погребана во родниот град.








