Популарната македонска актерка Ана Стојановска, заедно со колегите од филмот „17“, вчера прошета на црвениот тепих на „Берлинале“ – еден од најголемите филмски фестивали во Европа.
Ана, како и вообичаено, издоминира на црвениот тепих со својот изглед и уште еднаш докажа дека е една од македонските актерки со неверојатна убавина и смелост, кога станува збор за изборот на облека на фестивалите ширум светот.
Ана објави и неколку фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, но и видео од црвениот тепих, па нејзината публика имаше увид во тоа што прават таму.
Актерката блеска во смела креација на македонскиот дизајнер Марков – боди со стилизирано црвено палто и високи чизми до над колена, па се чини дека снегот во Берлин не бил пречка таа да прошета облечена во таква креација.

Инаку, македонскиот филм „17“ е првенец на Косара Митиќ. Тој е во официјалната конкуренција за наградата „Најдобар дебитантски филм“, награда која на Берлинале се доделува од 2006 година, а со која им се дава поддршка на младите автори.













