Една од најубавите македонски пејачки со неверојатно моќен глас – Елена Ристеска, проговори за бракот, за љубовта и за нејзините животни разочарувања.
Во поткастот „Смисла“ со Отец Бобан и Сестра Ефимија, пејачката без влакна на јазикот говореше за она што за неа претставува „смисла во животот“.
Во разговорот исполнет со духовна и интимна нота, Елена зборува за тоа што според неа недостасува во современите партнерства.
✨ „Затоа не траат браковите, заради тоа што помеѓу себе и партнерите не се, пред се, другари, а потоа љубовници, родители, сопруг и сопруга и така натаму.
Јас искрено тоа го барам пред се кај партнерот. Секогаш сум велела, од толку што сум разочарана од пријателствата во животот, јас барам партнерот да ми биде најдобар другар или другарка. Јас се шегувам, секогаш велам најдобрата другарка да ми биде партнерот, а не постои такво нешто нормално. Машко треб ада биде другар, меѓутоа сакам да кажам дека толку ми е битно тоа и во тој однос го ставам под број еден, а птооа сите останати работи“, изјави Елена и додала:

✨ „Никогаш не ми било потребно туѓото. Ќе видам туѓа љубов, леле зошто јас не сум вљубена или некој има материјално нешто, леле зошто јас немам ваков автомобил?
Или отишле некаде на патување, леле јас не можам да отпатувам сега. Н икогаш тоа не ми било предизвик ниту пак ми било тема на размислување, заради тоа што јас сум секојдневно благодарна на Бога со ова што го имам. Зашто некој ни ова јас што го имам го нема“, заклучила Елана.
🎬 Целиот поткаст погледнете го во продолжение:








