Емили Ратајковски потврди дека е во врска со поранешното момче на Дуа Липа и Рита Ора: Објави заеднички фотографии

Точка

20/02/2026

20:01

983

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Емили Ратајковски откри на социјалните мрежи дека е во врска со Ромен Гаврас, француски режисер и поранешно момче на пејачките Дуа Липа и Рита Ора.

На Инстаграм, манекенката објави неколку заеднички фотографии со него, а следбениците ѝ посакаа среќа во новата врска.


„Среќна сум поради тебе“, „Убав пар“, „Прво беше со Дуа, а сега е со Емили? Овој човек ги живее нашите соништа“, се некои од коментарите на споменатата социјална мрежа.

Некои од филмовите што Ромен Гаврас ги режирал се „Athena“, „Our Day Will Come“ и „Sacrifice“. Исто така, работел на спотовите на Канје Вест и Џеј-Зи („No Church in the Wild“) и на M. I. A. („Bad Girls“ и „Born Free“).


Емили Ратајковски претходно се забавуваше со Хари Стајлс. Исто така, беше во врска со Ерик Андре, Пит Дејвидсон и Оразио Риспо. Од 2018 до 2022 година беше во брак со Себастијан Бер-Меклард, а поранешниот пар го има четиригодишниот син Силвестер Аполо Бер.

Ромен Гаврас на почетокот на 2023 година започна врска со Дуа Липа, а се разделија во декември истата година. Тој претходно беше во врска со Рита Ора во 2021 година.