Почина Ерик Дејн – ѕвездата од серијата „Вовед во анатомија“ се бореше со неизлечива болест, имаше само 53 години

Точка

20/02/2026

07:45

1.685

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Ерик Дејн, којшто светската популарност ја стекна како заводлив хирург – Марк Слоун наречен МекСтими во серијата „Вовед во анатомија“, почина на 53-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Во соопштението доставено до магазинот „People“, семејството навело:

„Со тешко срце соопштуваме дека Ерик Дејн почина во четвртокот попладне по храбрата борба со ALS. Последните денови ги помина опкружен со блиските пријатели, својата посветена сопруга и ќерките Били и Џорџија кои беа центар на неговиот свет“.


Тие додале дека во текот на болеста тој станал моќен заговорник за зголемување на свеста и истражувањата за истата:

„Во текот на својот пат со ALS, Ерик стана страстен заговорник на информирање и научни истражувања, одлучен да им помогне на другите кои поминуваа низ истата борба. Ќе ни недостига неизмерно и засекогаш ќе го паметиме со љубов. Тој ги обожаваше своите фанови и бескрајно беше благодарен на поддршката и љубовта која ја добиваше. Семејството моли за приватност во овој невозможен период“.

Зад него останаа сопругата Ребека Гејхарт и нивните две ќерки Били Беатрис (15) и Џорџија Џералдин (13).

Болеста која му го смени животот

ALS е прогресивна невродегенеративна болест која ги напаѓа нервните клетки во мозокот, доведувајќи до губење на контролата над мускулите и парализа како што болеста напредува.


Дејн дијагнозата јавно ја соопшти во април минатата година.

Во своето последно големо интервју за „ABC News“ во јуни, открил колку брзо болеста напредувала:

„Чувствувам дека можно е за неколку месеци да немам функција на левата рака. Ме загрижува тоа што наскоро нема да можам да ги користам нозете. Тоа ги отежнува работите“.