Овој зеленчук би можел да биде најголемиот хит за здрава исхрана во 2026 година – вистинска нутритивна „бомба“

Кармин

16/12/2025

10:02

711

Големина на фонт

а а а

По години во кои карфиолот бил ѕвезда на чиниите на сите кои се грижат за својата исхрана, се чини дека таа титула полека оди во заборав.

На сцена, неочекувано се враќа стариот и многу попристапен зеленчук којшто во 2026 година би можел да стане апсолутен хит.

Станува збор за зелката, а интересот за неа значајно расте, покажува годишниот извештај на „Pinterest Predicts“, пренесува „NYP“.

Зелката се враќа на голема врата

„Во наредната година, припадниците на „беби-бум“ генерацијата и генерацијата Х, ќе се простат од својата опсесија со карфиолот и ќе се свртат кон зелката како главна намирница во кујната“, пишува во извештајот.


Дека тоа не е само празна најава, потврдуваат и бројките. Пребарувањето за ќофтиња од зелка на социјалните мрежи се зголемило за дури 110 проценти од септември 2024 година до август 2025 година во споредба со претходните години.

Голем скок бележи и нтересот за традиционалното полско јадење голумпки – полнети листови зелка во сос, како и за супата од динстувана зелка и мелено говедско месо со раст од 95 отсто. Сѐ почесто се бараат и помодерни варијанти, како зелка со алфредо сос, како и разни ферментирани јадења.

Зошто нутриционистите ја сакаат зелката?

Експертите за исхрана велат дека новата „вљубеност во зелката има многу смисла“.

„Тоа е намирница која е многу повкусна отколку што изгледа, а нутритивно е побогата отколку што мислат другите луѓе“, изјавиле од Кливлендската клиника.

Од таму додаваат дека зелката е лесно достапна и поволна, а содржи мноштво важни состојки, што ја прави идеална за секојдневната исхрана.

Овој зеленчук доаѓа во различни бои и облици и претставува основа на многу од светските кујни, од заситни варива и ферментирани специјалитети, до лесни салати и јадења.

Вистинска мала нутритивна „бомба“

Освен што е евтина и долго трае, зелката е нискокалорична, а притоа преполна со корисни нутриенти. Една шолја свежа зелена зелка „покрива“ 54 отсто од дневните потреби за витамин Ц, важни за имунитетот и создавањето колаген и дури 85 отсто од дневните потреби за витамин К, клучен за здравјето на коските и крвта.

Зелката содржи и калиум, којшто помага во регулирање на крвниот притисок, како и растителни стероли кои можат да го намалат нивото на лошиот холестерол.


„Преполна е со антиоксиданти кои помагаат во борбата против воспаленијата“, вели диететичарката Трејси Колин.

Едно мало истражување покажало дека лицата кои јадат повеќе од овој зеленчук имаат значајно пониско ниво на воспалителни процеси во телото.

Сојузник за варење и слабеење

Растителните влакна и стеролите од зелката поволно влијаат на варењето на храната и добрите бактерии кои се важни за имунитетот.

„Зелката може да помогне во варењето на храната, освен тоа може да биде добар сојузник при здраво и безбедно слабеење“.

Причината е едноставна – една шолја свежа зелка има околу 22 калории, па може да ја јадете во поголеми количини без страв од дебелеење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk