Додека годинава полека се приближува до својот крај, многумина се прашуваат дали ги очекуваат убави моменти или предизвици.
Според астролошките толкувања, одредени хороскопски знаци влегуваат во период во којшто среќата ќе им биде сојузник, без оглед на тоа дали станува збор за полето на љубовта, работата, парите или внатрешниот мир.
Три хороскопски знаци кои до крајот на годината ги очекуваат позитивни промени и причини за насмевки.

Лавовите влегуваат во фаза во која доаѓаат во прв план, баш онака како што сакаат. До крајот на годината може да очекуваат признанија, деловни успеси и јакнење на самодовербата. Многу од Лавовите ќе добијат можност да ги покажат своите таленти или да започнат нешто ново што ќе им носи задоволство. На емотивен план, следи повеќе стабилност и убави моменти.
Стрелците се меѓу најсреќните знаци во овој период. Енергијата им расте, а оптимизмот се враќа на голема врата. До крајот на годината можни се патувања, нови познанства и важни одлуки кои водат кон личен раст. Сѐ што ќе започнат со добра намера има големи шанси за успех.

Рибите влегуваат во помирен и похармоничен период. Емоционална стабилност, убавата комуникација со блиските луѓе и чувството на внатрешен баланс, ќе ја одбележи годината. Финансиската ситуација можеби ќе им се поправи, а многу од Рибите конечно ќе почувствуваат олеснување по напорен период.
Среќата не доаѓа сама, но овие знаци ќе имаат „ветер во грб“. Важно е да се препознаат можностите, да веруваат во себе и да не се откажуваат од она што ги исполнува. Крајот на годината може да го донесе она што најмногу им недостасувало.