[ФОТО] Розова од глава до петици: Славната русокоса како Барби се прошетала низ градот

Кармин

16/12/2025

17:26

273

Големина на фонт

а а а

Гвинет Палтроу неодамна била фотографирана во Њујорк, каде што, според амриканските медиуми, требало да биде гостинка во шоуто „Good Morning America“.

Со својот изглед, актерката го привлекла вниманието на јавноста, особено на модните критичари. Невообичаено, а сепак толку убаво, можеме само да кажеме дека нè остави без зборови. Актерката изгледаше исто како Барби.


Имено за оваа посебна пригода, Гвинет одлучила да облече женствен комбинезон во металик розова боја кој ја следи линијата на телото и ја нагласил нејзината витка фигура. Ова монохроматско издание го надополнила со високи потпетици во пастелно розова боја, а додала и ремен во малку потемна исто така розова нијанса.


Стајлингот го надополнила со едноставна шминка во „nude“ тонови, косата ѝ била пуштена, а љубопитните фотографи ги изненадила со блескава насмевка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk