[ВИДЕО] Италијанка купила куќа во близина на Северниот пол: „Работите таму не функционираат како во Европа“

Кармин

16/12/2025

14:14

847

Големина на фонт

а а а

Животот на Северниот Пол за мнозинството е само сцена од празнични филмови, но за некои тоа е сурова, но фасцинантна реалност. Во негова непосредна близина, на норвешкиот архипелаг Шпицберген, мала заедница храбро се справува со екстремната клима, долгите поларни ноќи и летата кога сонцето не заоѓа.

Меѓу нив е и Италијанката Џулија ал Поло, која одлучила својот дом да го најде меѓу мразот и снегот и на социјалните мрежи го споделила уникатното искуство на купување недвижен имот во тој оддалечен дел од светот.

Различни правила од Европа

Џулија во неодамнешно видео открила како функционира пазарот на недвижности на Шпицберген, кој во голема мера се разликува од оној на европскиот континент.

„Овде работите не функционираат како во Европа: дури и куќите одат на аукција“, ја започнала својата приказна. „Имено, овде сè се продава на аукција: од употребувана облека до автомобили и моторни санки, како и куќи. Еден ден прелистував веб-страница и најдов оглас за куќа која подоцна ја купивме. Проблемот? Цената беше 3,9 милиони норвешки круни, односно околу 331.000 евра.“

„Цената ми беше преголема, беше тоа првата куќа што ја купував во животот. Иако ја делам со момчето, сметавме дека е премногу“, признала таа. И покрај тоа, одлучиле да ја разгледаат недвижнината и откриле дека всушност станува збор за имот со пет објекти.

Часови мака и напнатост

По обиколката, заклучиле дека цената е преголема, особено затоа на имотот му било потребно реновирање. Сепак, дознале дека недвижнината е на пазарот веќе пет години и дека само неколкумина покажале сериозен интерес, но до купување никогаш не дошло. Тоа ги охрабрило да дадат понуда.

Џулија и нејзиното момче понудиле еден милион круни помалку од побараната сума, односно 2,7 милиони круни, но сопственикот го одбил тоа, правдајќи се дека тоа е износот што тој самиот го платил пред неколку години. Потоа парот ја зголеми лпонудата на точно три милиони круни, што е околу 250.000 евра. Сопственикот се согласил, но законот налагал да се одржи аукција со рок од само 24 часа.

„Тоа беа часови мака. Мислевме дека некој ќе ни приреди непријатно изненадување, но тоа не беше случај. Купивме куќа“, раскажа Џулија.

На крајот заклучила дека животот на далечниот север има своја цена. „Однадвор можеби изгледаат само како две дрвени колиби фрлени во заборав, но вистината е дека трошоците се слични на оние во центарот на Милано. Колку и да се оддалечени, Шпицберген воопшто не е евтин.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk