Повкусна од мрсната, а се подготвува побрзо: Рецепт за најмеката посна шпанска пита од која секогаш ќе барате уште

Кармин

10/12/2025

15:37

3.227

Големина на фонт

а а а

Денеска ќе ви претставиме рецепт за идеја за посна вечера која ќе го воодушеви цело семејство.

Доколку не сакате да се откажете од прекрасната шпанска пита за време на Божиќниот пост, не морате.

Потребно е само да направите посна варијанта која еднакво е вкусна како и мрсната варијанта.

Брзо се подготвува, така што спаѓа во листата на брзи и вкусни рецепти на кои постојано им се враќаме.


Состојки:

- 3 шолји бело брашно;
- 3 шолји пченкарно брашно;
- 3 шолји кисела вода;
- 3 шолји масло за јадење;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 3 исечкани кисели краставички;
- 2 кисели пиперки исечкани на коцки;
- 2 рендани моркови;
- сол по вкус.


Подготовка:

Помешајте ги сувите состојки: брашното и прашокот за печиво.

Во друга чинија изматете ја киселата вода и маслото за јадење, па додадете ги киселите краставички, киселата пиперка и морковот.

На крај помешајте го брашното со состојките од другата чинија.

Ставете ја смесата во тепсија и печете на 180 степени околу 30 минути.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk