„Не можевме да посакаме поубав подарок за овој Божиќ“: Најубавата спортска новинарка ја објави среќната вест

Точка

11/12/2025

11:41

788

Големина на фонт

а а а

Дилета Леота ја сподели радосната вест и ги воодушеви своите обожаватели.

Италијанската спортска новинарка Дилета Леота и нејзиниот сопруг, фудбалерот Лорис Кариус, го очекуваат своето второ дете. Среќната вест ја објави на "Instagram".

„Не можевме да посакаме поубав подарок за овој Божиќ. Арија станува постара сестра, а нашите срца се подготвени да сакаат уште двојно повеќе“, напиша таа под семејната фотографија на која позира со сопругот и ќерката.


Нејзината објава ги воодушеви следбениците, кои во коментарите ѝ честитаа на пристигнувањето на новиот член на семејството. Да потсетиме, врската на Дилета и Лорис започна во октомври 2022 година, кога се запознале за време на вечера во еден париски клуб за време на Модната недела.

Една од најубавите спортски новинарки подоцна откри дека тоа била љубов на прв поглед.


„Кога влезе, им реков на девојките: Само што влезе мажот на мојот живот‘“, откри таа.

Пред две години ја добија ќерката Арија, родена на 32-риот роденден на Дилета, на 16 август.

Двајцата се венчаа во јуни 2024 година на островот Вулкано во Италија. На свадбата присуствуваа околу 160 гости, меѓу кои и бројни познати лица – Кјара Ферањи, Елизабета Каналис, Мишел Хунцикер и Аурора Рамазоти.