Натпреварите од Лигата на шампионите се следат и во далечното Мексико, а добар дел од жителите на оваа земја го гледаат најелитното европско клупско натпреварување и поради водителката Мирослава Монтемајор.
Оваа 35-годишничка привлекува големо внимание со својот изглед, но и со нејзиното познавање на фудбалот.
Во емисиите таа често носи фустани кои ги истакнуваат нејзините облини, а за новата сезона од Лигата на шампионите решила да ја скрати долгата коса.
На Инстаграм има повеќе од еден милион следбеници, а родена е на 5 јануари 1990 година во Монтереј.
Кариерата ја започнала како мисица и го претставувала Мексико на изборот за „Мис Интернешнл“ во Јапонија во 2013 година, пред да се префрли на спортско новинарство во 2014 година.
Работела за „TV Azteca Noreste“, „ESPN“, а од 2019 година е во „TNT Sports Mexico“, каде што го води преносот на најголемите фудбалски натпреварувања.










